Пред точно две години се случи најголемата трагедија во кошаркарскарска историја, светот го загуби една од најголемите кошаркарски имиња на сите времиња – Коби Брајант.
Коби Брајант, легендата на светската кошарка, го загуби животот во хеликоптерска несреќа заедно со уште девет лица, меѓу кои и неговата ќерка Џиана. Трагедијата се случи утрото на 26 јануари додека хеликоптерот се движеше кон спортската академија на Брајант, каде неговата ќерка требаше да одигра натпревар.
Коби Брајант речиси целата кариера ја помина во Лос Анџелес Лејкерс. На клубот му донесе пет шампионски прстени, а за Ол-стар натпреварите беше избран 18 пати. Се пензионираше во 2016 година.
Во 2018 година тој освои Оскар за најдобар анимиран краток филм за филмот наречен Драга кошарка, врз основа на песна што ја напиша за неговото пензионирање од играта.
Можеби ќе ве интересира: