Годшнина од смртта на Гоце Делчев

Со панихида во чест на идеологот на Македонското револуционерно движење во сослужение на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан денеска во црквата „Свети Спас“ во Скопје беше одбележана 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев.

Zito akcija 640x289px

“Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко. Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слобода и за независна Македонија. Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината” – напиша Спасовски.

Agria

Радмила Шеќеринска ја предводеше владината делегација на гробот на Гоце Делчев. Таа не даде изјава пред црквата Св.Спас поради тоа што мала група на навивачи скандираа “Никогаш Северна само Македонија”

И претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски денеска оддаде почит рече дека Гоце Делчев е столбот на македонската државотвност.

Гоце Делчев е роден на 4 ти февруари во Кукуш, Грција, а починал на 4 мај 1903 година во Баница Грција. Името на Делчев и до ден денес по 117 годишнината од неговата смрт, предизвикува бурни реакции кај пошироката јавност на балканот, кој не може да се договори кој и што бил идеологот на македонската револуционерна борба.