Одбојкарите на Борец не успеаја да го повторат успехот од 1994 и да го освојат по втор пат трофејот на Купот на Македонија. Во денешното финале кое се одигра во сaлата „25 Мај“ во Радовиш загубија од Струмица Никоб со максимални 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
Струмичани до посакуваниот успех дојдоа во три сета, кои ги добија со 25-7, 25-23 и 25-18. Велешани единствено само во вториот сет покажаа рамноправност но не доволно и да го освојат за да го израмнат резултатот.
Содржината продолжува под рекламата
За ГОК Борец ова беше трето финале на Купот на Македонија, Во полуфиналето тие беа подобри од екипата на Шкендија со резултат 3:1.
Можеби ќе ве интересира: