Голем скок на горивата

Доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата.

Zito akcija 640x289px

Според одлуката на РКЕ од полноќ, бензините поскапуваат за 5,50 денари/литар, а дизелот за 10,00 денари/литар. Новата цена на мазутот е 54,3 денари, што е покачување за околу 5 денари.

Agria

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)

Споредбено со регионот, согласно последните достапни податоците од 6.3.2022 година (недела) во земјава Еуродизелот е со најниска цена и изнесува 1,388 евра/литар.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека воопшто не се меша во одлуката за цените на горивата, одговарајќи на прашањето зошто РКЕ доцни со објавата на новите цени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: