Големо Коњари убедливо го доби дербито со Башкими

Bashkimi Mladost

Во рамките на 23. коло од Третата лига – Југ, дерби натпреварот помеѓу првопласираниот Големо Коњари и третопласираниот Башкими заврши без неизвесност, откако домаќините славеа со убедливи 4:0.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот уште од самиот старт не заличи на дерби средба, бидејќи Големо Коњари поведе уште во 3 минута со голот на Беким Алимовски најавувајќи целосна доминација. До крајот на првото полувреме, резултатот веќе беше 2:0 по вториот погодок во 28 минута на Кире Наумоски, што практично ја реши судбината на мечот.

Agria

Во вториот дел Христијан Кукески во 61 минута и Ерџан Ибраимоски во 78 минута му донесоа нови три бода на тимот и уште посигурно водство во трката за првото место.

Со оваа победа, Големо Коњари сега има 51 бод, седум повеќе од второпласираниот Превалец, додека Башкими останува на третата позиција со 41 бод. Во следното коло Башкими ја пречекува екипата на Слога од село Лажани.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: