Горан Наунчев е новиот директор на ЈКП Дервен, откако пред две недели оставка на оваа функција си поднесе Антон Јовиќ.
Наунчев по професија е дипломиран инжинер технолог, а до пред пет години ја вршеше функцијата директор на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Наунчев е член на Општинскитот комитет на ВМРО ДПМНЕ, а порано беше и негов секретар. Во следниот период тој ќе раководи со јавното комунално претпријатие како в.д. директор, до изборот на раководно лице со мандат.
Можеби ќе ве интересира: