Македонскиот интернационалец Горан Пандев, продолжи со своите хумани потези, овој пат Гранде Пандев донираше во струмичката болница.
“Нашиот најдобар фудбалер донираше пари, кои ќе бидат наменети за набавка на заштитна опрема, за стручните медицински лица од струмичката болница. Со овие пари ќе се купат скафандери, заштитни маски, и ракавици, според стандардите СЗО”
Овие информации за поратлот ” Дрнка” ги потврди директорот на струмичката болница Наѓе Гогов.
Гранде Пандев и претходно беше во “акција”. Со своите колеги од репрезентацијата донираа средства на Фондот за здраство.