Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Горан Симов ќе биде новиот тренер на ФК Борец 1919

Goran Simov trener Borec

Нови ветришта дуваат во велешки Борец 1919. Горан Симов, поранешниот голман, а сегашен тренер, е назначен за нов предводник на велешкиот фудбалски второлигаш, Борец 1919. Тој ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во второлигашката конкуренција.

Zito akcija 640x289px

Симов е роден во Белград и како голман беше познат по тоа што ги носеше дресовите на Македонија Ѓорче Петров, со кого го освои и Купот на Македонија во 2006 година, Вардар и Силекс.  Во својата тренерска кариера беше шеф на стручен штаб на три клуба. Од 2019 до 2021 во Силекс, и од 2021 до 2022 во Вардар, во 2023 година беше тренер на Македонија Ѓорче Петров а како тренер го освои Купот во 2021 година предводејќи го Силекс до трофејот откако во финалето ја совлада Академија Пандев на пенали.

Од клубот потенцираа дека со тренизи ќе се се започне во среда и дека голем дел од играчите остануваат во клубот, а се преговара и со неколку прволигашки играчи со што би се зголемила конкуренцијата во тимот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: