Според нецелосните податоци на Државната изборна комисија (обработени (90,13%), Гордана Силјановска-Давкова е новата претседателка на Македонија. Таа досега освои 499.092 гласови, а нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 225 245.
Откако Стево Пендаровски го призна поразот и им честита на победниците, на јавноста ѝ се обрати новата претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, која им се заблагодари на граѓаните за големата поддршка што ја доби на овие избори.
Силјановска-Давкова која беше кандидат на ВМРО-ДМПНЕ кажа дека граѓаните на денешните избори покажале отпорност на притисоците и рече дека бојкотот кој го имало денес е политички притисок.
Можеби ќе ве интересира: