Цената на горивата од полноќ ќе се зголеми за 1,5 до 2 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Еуросупер 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за 1,5 денар, додека цената на Еуросупер 95 ќе се зголеми за два денари.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), пак, 81,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 80 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,655 денари.
Содржината продолжува под рекламата
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,153 отсто, кај дизелот за 2,83, кај екстра лесното масло за 3,424 и кај мазутот за 0,596 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334 отсто.
Можеби ќе ве интересира: