Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари за литар

Guzvi pred benzizski
Guzvi pred benzizski

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 6.4.2023 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 1,5 денар, и од утре ќе се продава по цена од 84,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98 поскапува за 2 денари, и според новата цена ќе се продава по 87 денари по литар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ за 2 денари, и од утре ќе се продава по малопродажна цена од 74 денари по литар. Поскапува и цената на екстра лесното масло за 1,5 денари, и ќе се продава по 73 денари. Мазутот се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 41,1 денар по литар.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: