Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1 денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар.
Од ноќеска, бензинот Еуросупер БС-95 ќе може да се купи по цена од 72 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 74 денари за литар. Дизелот на бензинските станици ќе се продава за 63,50 денари за литар, а екстра лесното масло ќе чини 63 денари.
Содржината продолжува под рекламата
Со најновите цени на нафтените деривати, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,824 денари за килограм и сега ќе изнесува 37,843 денари за килограм.
Mожеби ќе ве интересира: