Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 05.6.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,922 ден/кг и сега ќе изнесува 40,526 ден/кг.
Содржината продолжува под рекламата
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 83,5 денари, цената на Еуросупер БС-95 81,5 денари за литар, на дизелот 71,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 69 денари за литар.
Можеби ќе ве интересира: