Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев пријавил закани од сограѓанин, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
„Вчера во 14.05 часот во ОВР Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години, градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и преку телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот“, појаснија од СВР Велес.