Огромниот број на заразени прилпчани, хоспитализирани и починати пациенти од коронавирусот е причина таткото на градот Илија Јованоски, да бара градот во наредниот период да биде ставен во карантин. За само девет дена починале 24 лица, а според статистиките на Институтот за јавно здравје смртноста во Прилеп е 4,5 проценти, со што овој град заедно со Струга, Дебар и Битола се највисоко на листата градови по бројот на починати од вирусот.
Во врска со барањето на прилепскиот градоначалник за воведување карантин во тој град, портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска рече дека во Прилеп ситуацијата е алармантна и во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.
„Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во Прилеп за да се намали процентот на заразени со Ковид-19“, додаде владиниот портпарол Душко Арсовски.
Можеби ќе ве интересира: