Грција ќе го намали времето во карантин и повторно ќе ги отвори црквите за време на Божиќните празници, објави владата.
На патниците кои влегуваат во земјата од 18 декември до 7 јануари, нивниот задолжителен период на карантин ќе се намали на три дена и ќе мора да одат на брз тест на аеродромот за да потврдат дека не се заразени.
Грчкиот здравствен систем е под голем притисок, 80% од креветите за интензивна нега се зафатени во цела држава. Досега во Грција се пријавени повеќе од 121.253 заразени со ковид-19 и 3.370 смртни случаи.
Грција планира да воведе национален полициски час од 13 декември до 7 јануари, со тоа што граѓаните ќе мора да останат во своите домови од 22 до 5 часот наутро, а доколку сакаат да го напуштат домот, ќе мора да побараат дозвола од властите.
Можеби ќе ве интересира: