Ги повикувам граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 да пријават кај Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.
На бесплатната телефонска линија, како што појаснува во напишаното на фејсбук-објавата, сите граѓани може да пријават неправилности кај трговците што не ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, информира Бектеши.
Како што истакнува министерот, во согласност со одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, која е објавена во „Службен весник“, почнувајќи од 6.12.2021 година, се замрзнуваат цените што се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на големо и мало, и тоа на: лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и од 3,5 %, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.
Можеби ќе вс интересира: