Грин Машинс на велешката компанија БРАКО се претстави на саем во Босна и Херцеговина

brako vo BIH BOSNA
brako vo BIH BOSNA

Специјализираните возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од Велес, Грин Машинс, се претставија на Саемот за комунална опрема кој се одржа во Приједор, во Босна и Херцеговина.

Zito akcija 640x289px

На саeмот беа изложени модели кои претставуваат софистицирани технолошки решенија за одржување хигиена и кои се користат во над 60 земји во светот.

Agria

„Станува збор за  моделите GM 400 ZE, GM 500ZE, GM 636 stage V и GM 955, од кои секој на свој начин е единствен по своите перформанси. Направивме и демонстрација на возилата за кои имаше огромен интерес. Градот Приједор го купи моделот 636 stage V и се вклучи во огромната листа на чисти градови  благодарение на возилата од брендот Грин Машинс“, нагласи Владимир Локвенец, комерцијалниот директор на Грин Машинс.

Со особен интерес е следена демонстрацијата на најпродаваниот модел GM 500 ZE, кој сега е со поголема кабина и напреден систем за управување и каде сите копчиња се заменети со панел на допир. Беше  изложен и моделот GM 400 ZE, кој благодарение на  системот  за рециркулација на воздухот, има зголемен капацитет за филтрирање на прав,а  количината на честички што се емитуваат е намалена за три пати. Од техничките спецификации наGM 955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри.

БРАКО/Грин Машинс беа дел од вкупно дваесетина изложувачи на саемот, а Грин Машинс беше и генерален спонзор на манифестацијата.

Градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор, упати и официјална благодарница до Грин Машинс за учеството во организацијата и реализацијата на настанот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: