Групна тепачка во која учествувале десетина жители на месноста викана “Потокот” се случи вечерва.
Според информациите од местото на настанот, во тепачката има и повредени, кои вечерва беа пренесувани во брза помош, а оние со полесни повреди, во придружба на полицијата, беа носени во просториите на СВР Велес.
Засега не е позната причината поради која дошло до тепачката. Повеќе информации се очекуваат утре.