Продолжениот викенд ја зголеми фреквенцијата на граничните премини со јужниот сосед, а туристичките места во Грција и оваа недела повторно се едни од најатрактивните за посета од страна на македонските државјани.
Вообичаено најмногу патници и возила се регистрирани на најголемиот премин, Богородица каде за 24 часа излез од Македонија оствариле близу 9000 патници од кои една половина се македонски државјани.
Поради зголемениот обем на работа на Богородица во текот на денешниот ден во функција беа ставени седум сообраќајни ленти, од кои пет за автомобили, една за автобуси и и една за камиони, како и сите човечки и технички капацитети. Времето на чекање за излез од државата изнесуваше околу триесетина минути.
Зголемена фреквенција за излез од државата, но во помал обем во однос на денес се очекува и во текот на утрешниот ден. Вообичаено, поголеми гужви но овој пат на влез во Македонија ќе има во недела во попладневните и вечерни часови кога туристите треба да се вратат назад.
Можеби ќе ве интересира: