И утрово повторно гужви на двата најфренквентни гранички премини во државата – Табановце и Богородица. Од АМСМ само информираат дека се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини, без да се наведе колку време е потребно за да се влезе и излезе од Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Според камерите на ЈПДП, на ГП „Богородица“ пуштени се три коловозни ленти. На камерата поставена на овој граничен премин, се гледа како возилата споро се придвижуваат за излез од државата. Гужви имаше и во текот на викендот.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите гранични премини, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Можеби ќе ве интересира:
- Велешанец со автомобил удрил во столб од наплатна станица, двајца повредени
- Денеска се слави Стара Нова година, утре Василица
- Се излизга машина за чистење снег, во целосен прекин сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци
- ЦУК: Надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци во велешко
- Студено со повремени врнежи од снег