Експлозии се слушнаа утрово во Киев, набргу откако се огласија сирените за воздушна тревога. Градоначачникот Витали Кличко изјави дека експлозии имало во централната област Шевченкивски и дека итните служби се на терен.
„Нашата противвоздушна одбрана собори тринаесет дронови од иранско производство. Делови од дрон погодија две административни згради“, кажа Кличко.
Засега нема подетаљни информации за штети и жртви.
Украинските воздушни сили соопштија дека дроновите биле лансирани од источниот брег на Азовското Море. Во Киев е мирно по нападот кој се случи во раните утрински часови.
Можеби ќе ве интересира: