Хеликоптери на МВР и АРМ ќе ги гасат пожарите во Општина Чашка

Pozari gasnenje so avion

Од 30 пожари вчера, денеска активни се уште 9, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Под контрола се 6, а 15 се целосно изгаснати.

Содржината продолжува под рекламата

Согласно проценетите ризици и опасности, приоритет за гаснење денеска се пожарите во Општина Чашка, каде што ќе бидат ангажирани хеликоптери на МВР и АРМ, во Општина Македонски Брод, каде што ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ, во Општина Кавадарци, каде што ќе се вклучат два Ер Трактори на ДЗС и во Општина Градско, каде што ќе бидат ангажирани 30 припадници на специјалната единица Тигар.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Останати активни пожари на отворено се во Општина Чашка, во селата Јаболчиште, Дреново врв Лисец, во Општина Долнени, село Небрегово, во Општина Пробиштип, место викано Балабаница, село Зелен Град, во Општина Македонски Брод, село Брзеница (ново жариште), како и во Општина Чашка, место викано Мукус, префрлен од Прилеп.

Agria

Можеби ќе ве интересира: