И натаму високи бројки, едно лице починато и 16 нови случаи на ковид-19 и во Велес

veles
veles

Денес во државата се регистрирани нови 392 позитивни случаи на ковид-19. Од нив 16 се регистрирани во Велес, оздравени се 14, а едно лице на 78 годишна возраст починало од последиците на вирусот. Активниот број на случаи во Велес е 312.

Zito akcija 640x289px

Направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Куманово – 32, Кавадарци – 20, Битола – 18, Кочани – 17, Прилеп и Велес – по 16, Кичево – 14, Тетово, Охрид и Штип – по 11, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Кратово – 6, Радовиш и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Гостивар, Струмица, Делчево и Виница – по 2, Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 339 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), 2 починати лица од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од  Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: 2 од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 2 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: