И официјално најтрофејниот македонски фудбалски клуб доби нов газда

Вардар официјално има нов газда откако Атила Бижен Жалили ги купил 85 отсто од акциите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Се работи за унгарски бизнисмен со турско потекло, кој раководи со компанија за производство на енергија од обновливи извори. Ова е силен сигнал за враќање на „црвено-црните“ на врвот на македонскиот фудбал, но и на меѓународната сцена.

Zito akcija 640x289px

По две сезони минати во Втората фудбалска лига и уште две во тешка финансиска состојба, доаѓаат подобри денови за фудбалскиот клуб Вардар. Шпекулациите кои се појавија низ македонските медиуми изминатиот период, денеска добија потврда.

Agria

Клубот соопшти дека Атила Бижел Жалили откупил 85% отсто од акциите на Вардар и тоа на 7.октомври годинава.

„Со нашето долгогодишно искуство во менаџирање на фудбалски гиганти и соработката со многу славни фудбалски клубови од Европа, ние ќе обезбедиме брза финансиска, организациска и резултатска консолидација на најголемиот спортски бренд во Македонија“, стои во дел од соопштението на новиот газда на Вардар. 

Вардар од македонски шампион и прв и засега единствен учесник во групната фаза во Лигата на Европа во сезоната 2017/2018, падна на исклучително ниско ниво откако поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко престана со финансирање на клубот. По неколку годишно мачење, натрупан долг од неколку милиони евра и опасност од згаснување, Вардар сега има далеку посветла иднина.

Иако и сезонава тимот се мачи со резултатите и е на претпоследното место на табелата во Првата лига, се очекува новиот сопственик да тргне агресивно на трансфер-пазарот во јануарскиот преоден рок со цел „црвено-црните“ да имаат конкурентен тим во пролетниот дел од сезоната.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: