И ОПОЗИЦИЈАТА ПОВИКА НА НА САМОИЗОЛАЦИЈА И ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ

Најдобриот начин за справување со вирусот е одбегнување на чести контакти со други луѓе, односно самоизолација, порачаа денеска и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Zito akcija 640x289px
igor-janusev-VMRO

„Во моментите кога пандемијата со коронавирусот се шири низ нашата држава мора одговорно и совесно да се однесуваме спрема своето здравје, а така ќе се однесуваме одговорно и спрема здравјето на своите блиски, но и кон самото општество. На овој начин, освен што го штитиме своето и здравјето на нашите најблиски, го спречуваме и шокот врз здравствениот систем од преголем број пациенти на кои им е потребна нега и третман одеднаш“,   рече генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев

Agria