Игор Ангеловски не е повеќе тренер на хрватскиот тим Горица

Gorica-Lokomotiva

Хрватскиот прволигаш Горица и официјално соопшти дека поранешниот селектор македонскиот стратег Игор Ангеловски го доби доби отказ од коримилото на Горица.

Zito akcija 640x289px

Ангеловски од доаѓањето на клупата на хрватскиот тим не успеа да забележи ниту една победа, и за очекување беше ваквиот исход од неговата авантура во Горица. Мрме за последен пат ја водеше Горица во петокот и запиша пораз од Истра 1961 во Пула од 1-0.

Agria

„Претседателот Ненад Чрнко го разреши господинот Игор Ангеловски од функцијата тренер и спортски директор на Горица. Му благодариме на господинот Ангеловски за досегашната соработка и му посакуваме се најдобро во продолжението на кариерата“, напишаа од Горица во своето соопштение.

Ангеловски на клупата на Горица седеше на десет првенствени натпревари, претрпе осум порази и имаше само две ремија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: