Игор Јанушев повеќе не е генерален секрeтар на ВМРО-ДПМНЕ, инфектологот Вело Марковски нов член на ИК

VELO MARKOVSKI
VELO MARKOVSKI

Eден од најблиските соработници на Христијан Мицкоски, Игор Јанушев нема повеќе да биде генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата, Мицкоски најави дека Јанушев се повелкува од приватни причини, но дека, Јанушев и натаму останува член на ИК. Најголемо изненадување во новиот извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ е инфектологот Вело Марковски.

Zito akcija 640x289px

Членови на ИК се и Стефан Андонов, Рашела Мизрахи Гордана Димитриевска-Кочовска, Дарко Костовски, а меѓу повратниците се Владимир Ѓорчев и Антонио Милошоски.

Agria

Досегашните членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски и Владо Мисајловски остануваат во највисокото раководство на партијата, како и Коце Терајановски, Трајко Славевски и Дафина Стојановска, но и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: