Досегашниот пратеник Игор Здравковски и Александар Јамалов се најдоа на четвртата односно единаесетта позиција во изборната единица 3 од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Ова пред малку го објави ВМРО-ДПМНЕ. Носител во изборната единица 3 е Драган Ковачки.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, а во овие моменти привршува и седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност. Македонија која ќе биде повторно на народот, институциите ќе бидат функционални, системот ќе биде нормализиран. Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката. Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби. Носителите на овие победнички листи се: Во првата изборна единица е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде очекуваме огромна поддршка и огромна победа. Втората изборна е мојот колега и пријател Владо Мисајловски. Третата изборна единица е Драган Ковачки. Четвртата изборна единица е потпретседателот Александар Николоски. Петата изборна единица генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. И шестата изборна единица каде очекуваме исто така убедлива доминација во однос на СДС е Дафина Стојановска – рече Муцунски.
Можеби ќе ве интересира: