Илон Маск стана најбогатиот човек на светот откако неговото богатство надмина 185 милијарди долари. Тој e на чело на врвот по новиот пораст на вредноста на акциите на „Тесла“.
Тој сега има 188,5 милијарди долари, односно, 1,5 милијарди повеќе од основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој беше на чело на најбогатите луѓе на светот од 2017 година. За 12 месеци богатството на Илон Маск порасна за повеќе од 150 милијарди долари.
„Чудно е да се биде најбогатиот човек на светот. А, сега, назад на работа“, напиша Маск на Твитер.
Тој вели дека половина од неговите пари би помогнале да се решат проблеми на Земјата, а со другата половина планира да изгради самоодржлив град на Марс, за да се обезбеди континуитет на животот, во случај Земјата да ја погоди метеор или да почнеме трета светска војна.
Можеби ќе ве интересира: