Имаш симптоми на коронавирус? Јави се на матичен лекар!

Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање.

Zito akcija 640x289px

Од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“. Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите, напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.

Agria