ИН МЕМОРИАМ: Ристо Давчевски (Бате Риле)

На 89 години, денес во својот дом во Велес, почина велешанецот Ристо Давчевски долгодишен директор на Макпетрол, Велес. Бате Риле како што многумина го познаваа е роден на 09.05.1930 година.

Zito akcija 640x289px

На Бате Риле најголема доблест му беше човечноста. Имаше голем број на пријатели од најразлични профили, од директори, генерали, владици, до нај обични работници, и сите го сакаа и почитуваа. Неговите другари кои кои му се починати, не ги вадеше од уста до последен здив, а за неговата фамилија беше вистински идол, заштитник и пример за се. Негов најголем пријател и другар, беше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Agria

“Зборот во неговото време му вредел многу, па за тоа и ги помагаше велешките фирми, училиштата, а денес на улица голем број на велешани ме поздравуваат како негов внук, и да ми кажат како им помагал да се вработат во велешките претпријатија”, изјави за батали.нет, неговиот внук Никола Цилаков.

“Учител, другар, идол, заштитник, пример за се.
Не направи подобри луѓе, не задолжи со многу убави моменти, спомени и животопатна навигација. Патувај спокојно легендо. Конечно ќе си ги видиш другарите”, емотивно се простија од својот дедо, внуците на Бате Риле.

Бате Риле ќе биде погребан утре, на градските гробишта во Велес во 11.30 часот.

Слава му!