Новоизбраната претседателка на државата Гордана Сиљановска-Давкова денес напладне ќе даде свечена изјава на инаугуративна седница во Собранието, согласно со член 81 став 9 од Уставот на Македонија.
Текстот продолжува под рекламата
Седницата е закажана откако Државната изборна комисија (ДИК) на седница објави конечност на резултатите за Претседателските избори, одржани на 24 април и 8 мај, и го достави извештајот до Парламентот.
Текстот продолжува под рекламата
Свечената изјава таа ќе ја даде пред пратениците од стариот собраниски состав, по што ќе почне да тече нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Претседателската функција ќе ја преземе од Стево Пендаровски, нејзин противкандидат на овие и на претходните избори во 2019, кому мандатот му истекува денес.
Можеби ќе ве интересира: