Инфективно во Велес речиси полно, се поблиску отворањето на модуларниот ковид центар

nova fotka Bolnica Veles 997x485

Речиси е исполнет капацитетот на инфективното одделение во велешката болница со ковид пациенти. Оттаму информираат дека на ова одделение се хоспитализирани вкупно 50 пациенти, а вкупниот број болнички кревети е 54. На интерното одделение се згрижени уште 10 пациенти, со што вкупниот број хоспитсализирани кои се лекуваат од коронавирус денеска е 60 .

Zito akcija 640x289px

Од нив, 49 имаат потврдени позитивни тестови, двајца се сомнителни, а деветмина имаат негативен брис, но имаат потреба од болничко лекување. Во моментов вкупно 21 пациент добиваат кислородна поддршка.

Agria

Од велешката болница најавија дека доколку се исполни капацитетот на инфективното одделение, во функција ќе се стави и неодамна изградената модуларна ковид болница.

Третиот бран на коронавирус го погоди и Велес, па така, во последните 10 дена се откриени нови 205 случаи со ковид-19. Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 3755 велешани, од кои 3327 се излечија, 117 починаа, а сè уште се активни 311 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19247/prvichnite-informaczii-za-deteto-shto-utrinava-zagina-vo-pozhar-se-deka-bilo-vrzano-so-lanczi-na-nozete/