Инфлацијата за еден месец во Македонија се зголеми од 16 на 16,8 отсто. Во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 проценти. Еден месец претходно растот на инфлацијата беше евидентирана на 16 проценти на годишно ниво.
Најголемо поскапување за една година има кај маслото за јадење – 46,7%. Следува лебот, чија цена е зголемена за 44%, а потоа млекото, сирењето и јајцата се продаваат за речиси 30% поскапо. Следува месото поскапо за над 20%, овошјето и зеленчукот. Цените на мало бележат раст од 14,2%.
Содржината продолжува под рекламата
Намалување на цените во август има кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства – 10,9 % и кај течните горива за домаќинствата – 10,3%. Експертите и претходно алармираа на вакви високи проценти на инфлацијата. Нивните очекувања се дека ако не се преземат соодветни мерки, во следниот период ќе надминат и над 20%.
Можеби ќе ве интересира: