Инкасатор од Неготино трошел пари од наплата на сметки

Negotino

Инкасатор од Неготино се служел со парите што ги земал при наплата на сметки од граѓаните.Предизвикал материјална штета од 250.631 денари, информираат од МВР.

Zito akcija 640x289px

Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против лицето С. Л. (46) од Неготино, службено лице инкасатор, поради сомнение за сторено кривично дело послужување во службата, С. Д. (44) од Неготино, раководител на административното одделение, и М. А. (60) од Велес, одговорен благајник, вработени во ЈПКР „Бошава“ – Демир Капија, поради сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, додаваат од ресорното Министерство.

Agria

Првопријавениот, во периодот од 2019 до декември 2020 година, кај себе чувал наплатени сметки и не доставени од повеќе корисници, кои не ги предал во разумен временски период и неовластено се послужил со парични средства што ги наплаќал од корисници – физички лица на претпријатието за комунални услуги користејќи ги за сопствени цели.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: