Интерпелацијата на Гаши ќе биде неуспешна, но има шанси за спектакл од опозицијата, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари е уверен дека интерпелацијата на собранискиот спикер Африм Гаши нема да помине. Тој, денес, по увидот во градежните работи за првиот центар за деца, адолесценти и возрасни со аутизам во Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање. рече дека интерпелацијата нема биде успешна.

Zito akcija 640x289px

„Од тоа што го слушам, не верувам дека ќе помине. Поголемите партии, особено оние што се во Владата, мнозинството, нема да изгласаат, ќе биде неуспешно, но ќе има шанса за спектакл од оние што се опозиција“, рече министерот Таравари.

Agria

Политичката партија Левица поднесе интерпелација на собранискиот спикер Гаши откога неговото обезбедување направи инцидент на аеродромот настојувајќи да овозможи косовската претседателка Вјоса Османи да не поминува низ безбедносна проверка на комерцијален лет. МВР поднесе кривична пријава против лицето, кое по пристугнувањето на аеродромот, репетирало пиштол, се заканувало, турнало полициски службеник и викало барајќи Османи да биде спроведена со возило до авионот, без да биде проверувана. Гаши подоцна рече дека го испратил обезбедувањето за да ја смири ситуацијата.

Мината недела, пак, партијата Левица дополни дека собранискиот спикер направил нов инцидент кога со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин, што е уште една причина интерпелацијата да биде изгласана.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, минатата недела се изјасни дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши оти нема причина за тоа.

Пленарната седница за интерпелација на Гаши е закажана за 3 септември.

Можеби ќе ве интересира: