Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан загинаа откако вчера се урна хеликоптерот во кој се наоѓаа, потврдил иранскиот потпретседател Мохсен Мансури.
„Хеликоптерот на претседателот Раиси целосно изгоре за време на падот. За жал, се стравува дека сите патници се мртви“, соопштил официјалниот претставник.
Како што претходно соопштија државните медиуми, „нема знаци дека некој ја преживеал хеликоптерската несреќа“.
Синоќа пристигнуваа различни информации за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател. Иранската државна телевизија објави дека спасувачки тим го пронашла соборениот хеликоптер, но Црвената полумесечина набрзо потоа го демантираше тоа.
Државната новинска агенција ИРНА и државната телевизија синоќа не објавија никакви информации за состојбата на Раиси, но беа емитувани молитви за безбедноста и здравјето на претседателот.
Инцидентот се случил во близина на Џолфа, град на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од иранскиот главен град Техеран.
Меѓу патниците на хеликоптерот, освен Раиси и министрите за надворешни работи, биле и гувернерот на Источен Азербејџан Малик Рахмати и уште неколку други, соопшти ИРНА.
Ебрахим Раиси, инаку, пред да стане претседател го водеше судството во земјата. Тој се смета за штитеник на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Раиси победи на претседателските избори во Иран во 2021 година, гласање со најниска излезност во историјата на Исламската Република. Раиси беше санкциониран од САД поради неговата вмешаност во масовната егзекуција на илјадници политички затвореници во 1988 година на крајот на иранско-ирачката војна.
Тој е роден во 1960 година во Машхад и израснал во свештеничко семејство. Се стекнал со веронаука на млада возраст. На 15-годишна возраст, тој ги започнал своите семинарски студии во Ком, студирајќи под почитувани научници, вклучувајќи го и иранскиот лидер Сејед Али Хамнеи.
Слично на иранскиот лидер Сејед Али Хамнеи, Раиси носеше црн турбан, симболизирајќи ја неговата лоза како Сајед, потомок на исламскиот пророк Мухамед. Тој често се наведува како веројатен наследник на Сејед Хамнеи.
Можеби ќе ве интересира: