Полицијата соопшти дека вчера околу 5:30 часот исчезнал 17-годишниот велешанец М.Ш. Исчезнување на момчето го пријавил неговиот татко Ш.Ш. (41) вчера во 13:30 часот, кој рекол дека неговиот син утрото излегол од дома и не се вратил. Полицијата работи на пронаоѓање на момчето.
Пред десетина дена исчезна 30-годишниот велешанец Ибрахим Мемедов, по кој полицијата сеуште трага.
Пред еден месец, по 24 часовна потрага, на велешкото езеро „Младост“ беше пронајдена жива 29-годишната велешанка Александра Скорниева.