Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Isceznato devojce Srbija

Девојчето Данка Илиќ (2) исчезна во приградската населба Бањско Поље кај Бор во Србија, во потрагата по неа беа вклучени сите надлежни служби, а за прв пат активиран е и системот „Најди ме“, српската верзија на американскиот Amber Alert.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во потрагата по девојчето се вклучени и припадници на српската Жандармерија, а се користат дронови, кучиња трагачи и хеликоптери.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Потрагата по малата Данка започна во вторникот во 15 часот, кога мајката во полиција го пријавила исчезнувањето на девојчето. Вечерта беше активиран системот „Најди ме“, а телевизиските програми беа прекинати за да се соопштат информации за исчезнатото девојче Данка, а граѓаните добиваа и СМС пораки со опис на девојчето.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: