Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Исчезнатиот 77-годишен жител на Горно Оризари пронајден починат во ТИРЗ-Штип

policija svetla

77-годишниот маж од Горно Оризари кој беше пријавен за исчезнат, е пронајден починат во кругот на ТИРЗ – Штип. Полицијата и Итната медицинска помош го потврдија случајот, а телото е предадено на обдукција. Истражните служби работат на утврдување на причините за трагичниот исход.

Zito akcija 640x289px

На 04.01.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Велес У.К.(54) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од неговиот дом.

Според пријавеното, претходниот ден во 22.00 часот добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш, по што В.С. а потоа и пријавителот со неколку други лица во текот на ноќта извршиле обиколки на патот но не успеале да го пронајдат.

На 04.01. по претходна пријава во СВР Штип од страна на лицето Т.М. дека негов вработен, во кругот на ТИРЗ – Штип, забележал на коловозот починато лице, во 12,00 часот од страна на увидна група при ПС за БПС Штип и ОКТУПА при СВР Штип, заедно со ИМП Штип излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за лицето М.Г.

По насоки и овластување од надлежен ЈО при ОЈО Штип извршен е увид а телото е предадено за обдукција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: