Советник на СДСМ од Чашка обвинува дека бил физички нападнат од претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ

ibraim ismailoski

Членот на Советот на Општина Чашка од редовите на СДСМ Ибраим Исмаилоски тврди дека бил физички нападнат од Зоран Здравевски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од истата општина. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот во близина на џамијата во село Мелница.

Zito akcija 640x289px

Исмаилоски раскажува дека враќајќи со својот автомобил од работа кон дома, налетал на колона возила, па морал да се тргне од патот, за тие да поминат. Тогаш, од едно од возилата излегол Здравевски и се упатил кон него.

Agria

„Во првиот автомобил го забележав претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Зоран Здравевски, кој излезе од возилото, дојде до моето и преку прозорецот на возачката страна буквално ми се внесе в лице, упатувајќи закани кон мене и нервозно дофрлаќи ми со зборовите: ‘Се ближат избори, ќе губите ко Грчка’. Бидејќи не носеше маска, јас културно му се обратив да се тргне два метри и да држи дистанца, бидејќи ми го загрозува здравјето. Во тој момент, тој уште повеќе ја внесе главата во мојот автомобил и се обиде да ме фати за врат, но ме закачи по лицето“, раскажува Исмаилоски.

ibraim ismailoski
Исмаил Ибраимоски (во средина)

Според него, Здравевски бил видно изнервиран, бидејќи митингот на неговата партија во селото Мелница доживеал неуспех.

Здравевски има друга верзија на приказната. Тој призна дека имало разговор помеѓу нив, но не и дека физички го нападнал.

„Ибраим беше изнервиран зошто некој од колоната му свирел со автомобилот. Но, тоа не беше провокација, туку предупредување дека може да се удри во друго возило. Тој почна да вика и јас дојдов до неговото возило и само му се обратив со зборовите: ‘Де бре, Ибраим, што си толку нервозен’. Во тој момент, тој почна да вика. Ниту имаше физички контакт, ниту сум му се заканувал“, вели Здравевски.

zoran zdravevski 1
Зоран Здравевски

Инцидентот го потврди и полицијата.

„На 01.07.2020 околу 17.30 часoт во СВР Велес било пријавено дека кaj џамијата во с. Мелница И.И.(48) од с. Мелница бил физички нападнат од З.З.(46) од нас. Чашка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Зоран Здравевски вели дека сведоци на целиот настан биле десетина луѓе, кои ќе сведочеле дека физички напад немало, а за тоа, како што рече, е подготвен на Исмаилоски да му поднесе и кривична пријава за лажно пријавување.

Од друга страна, Исмаилоски е револтиран што на синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Чашка, генералниот секретар на партијата Игор Јанушев пред насобраните жители рекол дека Исмаилоски инсценирал и испровоцирал инцидент.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: