Исплата на декемвриските пензии започнува од 27 декември

denari
denari

Владата на вчерашната 112-та седница донесе одлука исплатата на декемвриските пензии да почне од 27 декември 2022 година.

Zito akcija 640x289px

Владата им препорача на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од овој датум.

Agria

За клиентите кои не користат картички, банките преку своите филијали и експозитури треба да обезбедат готовинска исплата во четири групи според висината на пензијата.

За пензиите со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27 декември 2022 година, пензиите со висина од 11.001 до 14.000 денари ќе бидат исплатени на 28 декември , пензии во висина од 14.001 до 18.000 денари на 29 декември, а на пензии со висина од над 18.001 денари исплатата ќе се изврши на 30 декември 2022 година.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: