Историски успех за Боречкиот клуб Борец – Прва државна шампионка во женско борење

BK Borec Percinkova 1

Боречкиот клуб Борец од Велес постигна значителен успех на Државното првенство за пионери, кое денеска се одржа во Штип. Натпреварувачите на клубот покажаа одлична форма и се вратија со неколку медали, а најголемата радост ја донесе Ангела Перчинкова, која стана првата државна шампионка во женско борење во историјата на клубот.

Zito akcija 640x289px

Перчинкова го освои златниот медал во категоријата до 33 килограми, демонстрирајќи техничка подготвеност и борбен дух кој и обезбеди место на тронот.

Agria

Покрај неа, и машките натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, Левче Картинов и Марко Ќулумов освоија бронзени медали, додека Рузгар Амедов го освои 4 место. Од клубот изразија големо задоволство од постигнатото и најавија уште поамбициозни подготовки за претстојните натпревари.

„Ова е голем ден за нашиот клуб. Покрај одличните резултати, особено сме горди на Ангела која направи историја. Нејзиниот успех е мотивација за сите девојчиња кои сакаат да се занимаваат со борење“, изјавија од управата на Борец.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: