Италија за прв пат добива жена премиерка. Тројната крајнодесничарка коалиција предводена од Џорџа Мелони е на пат да формира нова влада во Италија, сугерираат првичните резултати од вчерашните парламентарни избори. Десничарската коалицијата составена од партијата на Мелони – „Браќа на Италија“, партијата Лига на Матео Салвини и Напред Италија на Силвио Берлускони може да смета на 227 до 257 места или на апсолутно мнозинство во парламентот со оглед на тоа што освоила меѓу 41 и 45 отсто од гласовите.
Партиите од коалицијата на левиот центар ќе заостанат далеку зад десницата, со некаде меѓу 25,5 до 29,5 проценти.
Излезноста на вчерашните избори беше мала, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Особено мал интерес за изборите е забележан во јужните региони, вклучително и Сицилија.
Девојчето од Рим кое го фалеше Мусолини, а сега лидер на партијата „Браќата на Италија, 45 -годишната Џорџа Мелони беше скромна во изјавата за разлика од бурната кампања и им порача на италијанските гласачи дека ќе ја обедини Италија.
Можеби ќе ве интересира: