Џузепе Конте, Премиерот на Италија потврди дека мерките за изолација ќе бидат намалени на 4 мај. Тоа значи дека клубовите можат наскоро да се вратат на зелениот терен, и да почнат со подготовка за периодот што следува.
Јавни собири ќе нема уште долго време, рестораните, локалите и стадионите ќе бидат затворени до јануари 2021 година, а училиштата нема да работат до 1 септември. Сепак, од 4 мај се почнува со ревитализирање на италијанската економија, во која важен дел е и фудбалот.
“Работиме на тоа добар дел од италијанскиот бизнис, од производство до градежништво да се вратат на 4 мај. Не можеме повеќе да го држиме карантинот, ризикуваме уривање на социо-економскиот систем на земјата. Сепак, ова нема да значи целосно напуштање на досегашните правила. Уште немаме слобода за целосно движење”, рече премиерот на Италија, Џузепе Конте.
Во Италија секојдневно има околу 2.500 до 3.000 нови случаи на коронавирусот. Сите фудбалери кои се заболени од Ковид 19, полека закрепнуваат, а нови случаи нема. Сите клубови, своите фудбалери ги држат строго во карантин, кои дополнително ќе бидат заострени кога ќе се почнат со тренинзи.