Иванов и Славков од Бисинов Фруитленд добија повик во кадетската репрезентација

Radovis Bisinov
Radovis Bisinov

Десниото крило Мартин Иванов и пивотот Александар Славков од Бисинов Фруитленд, добија повик за ракометната кадетската репрезентација на Македонија за настап на „Трофеј Карпати“ во Романија.

Содржината продолжува под рекламата

Тие со своите одлични партии го привлекоа вниманието на јавноста, а селекторот на кадетската репрезентација, Наум Танески ги стави на списокот на 24 играчи кои ќе настапат во Романија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Турнирот ќе се одржи од 25 до 29 октомври, а покрај домаќинот Романија на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Египет и Црна Гора. Настапот на овој турнир ќе биде дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2024 година што ќе се играат во Скопје, а ривали на Македонија ќе бидат Швајцарија, Словачка и Косово.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: