Ивановски: Минатогодишниот пречек на Кеги Моби во Куманово носи дополнителен мотив за триумф во дуелот против Форца

Kiril Ivanovski Kegi Mobi

Фудбалерите на Кеги Моби утре од 16 часот во спортската сала „Гемиџии“ ќе го пречека минатогодишниот шампион во Втората футсал лига на Македониаја , екипата на Форца во четвртото. коло од Првата македонска футсал лига.

Zito akcija 640x289px

Играчот на Кеги Моби Кирил Ивановски е еден од најдобрите поединци на тимот низ досегашните три рунди од шампионатот. Тој верува дека тимот против Форца може да одигра на високо ниво и да дојде до посакуваните три бода.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Респект до ланскиот противник од втората лига, должни ни се бодови од лани, но годинава ќе им се одолжиме. Пречекуваме на домашен терен една од екипите која ќе биде на средина табела или во долниот дел од табелата. За разлика од минатат сезона имаме информации дека не се истата екипа поради нивни причини но и ние не сме тие што бевме лани. Оваа година натпреварот ќе го одмериме во фер услови како и секогаш кај нас, а не како кај нив лани со милион прекршоци, милион напади на гостински играчи, милион пцовки упатени од нивни играчи и од немногубројната но сепак гласна публика во нивната сала во Куманово. Веќе е четврто коло полека се фаќа правецот на првенството ние со несреќен пораз, победа и пораз од еден од конкурентите за првите места, но атакуваме на победа овој викенд за да собираме бодови додека не заладило. Долга е зимата и мораме да ја дочекаме со доста бодови на табелата, а КМФ Форца е екипа која повторно ќе кажам целосно ја респектираме, но посакуваме три бода и се надеваме дека тоа и ќе го оствариме. Изминатава недела изработивме добри тимски и индивидуални тренинзи со поголемиот број на играчи од клубот, здравствениот билтен е стабилен така да очекуваме да испаднеме во полн состав со недостаток на еден или двајца играчи поради нивни лични причини. Натпреварот е во недела, тој не е наш термин но петок и сабота не смеевме да играме поради комисии од Фудбалска федерација на Македонија и го одбравме терминот од 16:00 часот точно после завршување на натпреварот од голем фудбал на ФК Борец против битолски Пелистер во рамките на Втората македонска фудбал лига. Официјалните спонзори се секогаш тука со нас, Банана Кик, Кеги Моби 1 и 2 и Атлантис Груп да ни дадат неизмерна подршка пред секој натпревар и во текот на целите недели и месеци. Веќе споменав и ден и саат за одигрување на натпреварот ваша работа е да дојдете да присуствувате и да не бодрите како во двата натпревари до сега на домашен терен, а ние сме тука да ви приредиме одличен и интересен футсал натпревар од Прва Македонска Футсал Лига. Ќе изиграме еден фер коректен натпревар пред се изедначен од двете страни и како што рекле тие двајца во жолто што ќе ја делат правдата, подобриот нека победи. Ветеното го остваривме, годинава гледајте прволигашки футсал во својот град и тоа е единствениот спорт во нашиот град кој има претставник во Прва лига, така да некои работи треба да се запрашаат дали треба да се вложи во футсалот за да имаме шампионска екипа во Велес или ќе биде маката и теретот само на неколкуте спонзори кои макотрпно одвојуваат за да градот гледа футсал. Се гледаме во Сала “Гемиџии”, а вие читајте и гледајте. Недела од 16:00 кој има можност во сала кој не на Батали.нет и КМФ Кеги Моби Велес на фејсбук во живо преносот од сегашниот и сите други натпревари на домашен терен од КМФ Кеги Моби“, изјави Кирил Ивановски.

Натпреварот од четвртото коло од Првата футсал лига момеѓу Кеги Моби и Форца ќе се одигра утре 23 октомври во терминот од 16:00 часот. Натпреварот може да го следите и на фејсбук и на јутуб каналот на Батали.нет на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: