Ждребката сакаше во првите две кола футсал екипата на Кеги Моби да има две гостувања. По минатонеделниот пораз од Железарец Кеги Моби оди во Липково да ги освои трите бода против Карадаку.
Содржината продолжува под рекламата
„Распоредот се погоди да започнеме со две гостувања каде од првото се вративме без бодови, на второто ќе пробаме да вратиме тоа првото коло што го загубивме. Одиме ист комплетен состав како и на првиот натпревар очекуваме полн плен и да си дојдеме со 3 бода од гостувањето во Липково, Куманово“, изјави Кирил Ивановски од Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот започнува во 20 часот во спортска сала во Липково. На останатите натправири Овче Поле загуби од Шкупи со 2:5, Форца 2015 во слупчани ја совлада екипата на Клими со 5:2, Бутел загуби на домашен терен од Железарец со 2:4, а колото ќе го затворат утре Осово и Црна река.
Можеби ќе ве интересира: