Ивица Илиев со свое гол шоу го реши Радовиш

Бисинов Фруитленд го доби дербито на Првата ракометна лига против екипата на Радовиш со резултат 35:32, и покажа зошто е еден од најсериозните кандидати за влез во Супер лигата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Скоро цел натпревар домаќините ја имаа предноста. На полувреме се замина со резултат 18:17 за Радовиш. На моменти домашниот состав имаше предност од 4 голови, но велешани преку Ивица Илиев кој постигна 15 гола на овој натпревар, не дозволуваа да се одлепат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Се до последните седум минути од мечот Радовиш беше тимот кој имаше резултатска контрола, но потоа гостите од Велес не само што израмнија, туку и поведоа, 31:30, и умешно ја задржаа предноста до крај.

Ивица Илиев повторно имаше свое гол шоу со 15 погодоци, Стојменов Александар и Иванов Мартин постигнаа по пет. Кај домаќините најефикасен беше капитенот Постолов Здравко со девет постигнати погодоци.

Можеби ќе ве интересира: